Комисија за јавна и културна дејност
Комисијата за јавна и културна дејност ја сочинуваат директор, психолог, педагог, музички соработник, специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник, логопед и воспитно – образовниот и згрижувачкиот кадар кој работи со децата.
Согласно Програмата за јавна и културна дејност се организираат посети на одредени објекти и организации од културен и услужен тип, како и нивно гостување во градинката.
Со цел да се развијат кај децата навики за следење на културните збиднувања, за учество на јавни настапи, навики за спортско и рекреативно искористување на слободното време, се спроведуваат, покрај редовните и следните активности:
- учество на ликовни изложби и конкурси со ликовни творби на децата во и вон Установата
- средба со ликовни и драмски уметници, со писатели
- посета на галерија, музеј, библиотека
- организирање и следење куклени и драмски претстави
- учество во приредби по повод празници
- учество во различни други прослави на празници и родендени
- организирање прошетки во околината на градинката
- литературни и други активности
- посети на фабрики и други значајни објекти
- разговори со децата за културните збиднувања во градот
Комисија за планирање за јасли
Комисија за планирање за јасли ја сочинуваат педагог, психолог, музички соработник и по еден представник од јаслени групи од сите објекти. Оваа комисија врши планирање на работа со деца во развоен период до 3 години која опфаќа прифаќање, нега, исхрана и воспитни активности согласно Програма за рано учење и развој.
Драмска секција
Драмската секција ја сочинуваат членови на стручен совет на установата, воспитувач и претставник од родители на деца кои ја посетуваат градинката. По повод новогодишните празници секцијата организира куклена претстава која се изведува во сите објекти на установата заедно со Дедо Мраз.