• Да се поттикнува да реагира кога слуша познат глас;
  • да се поттикнува да произведува гласови, да вокализира, гуга;
  • да се поттикнува на вербална и невербална комуникација;
  • да се поттикнува за соодветно реагирање на изговорени зборови од страна на возрасниот;
  • да се поттикнува за повторување на кратки вербални пораки;
  • да се оспособува за поставување прашања и вербално реагирање на нив;
  • да се оспособува за употреба на прости реченици;
  • да се поттикнува на комуникативни способности (со возрасните, меѓу самите деца, во симболичка игра);
  • да се поттикнува за поврзување на зборовите со одредени предмети и личности;
  • да се развиваат способности за зборување преку составување на реченици од 2-3 збора;
  • да се поттикнува за користење на прашални зборови;
  • да се поттикнува на вербална и невербална комуникација;
  • да се поттикнува за поврзување на зборовите со одредени предмети и личности;
  • да се развива способност за разликување на пораките од страна на возрасниот – дозволено или недозволено;
  • да се поттикнува способност за имитирање и повторување на слушани зборови;
  • да се поттикнува способност за користење на прашални зборови;
  • да се развива способност за говор преку користење на предговорни активности;
  • да се развива способност за објаснување на дадена слика со користење на 3-4 зборови.

Читање и збогатување на речникот

  • Да се поттикнува детето кон запознавање и разгледување на разни сликовници и илустрации;
  • да се поттикнува да изговара зборови со значење;
  • да се проширува и збогатува детскиот речник;
  • да се поттикнува и охрабрува за избор на омилена сликовница;
  • да се поттикнува и развива желба иинтерес за читање и раскажување приказни од страна на возрасниот;
  • да се поттикнува и охрабрува за почетно разликување на слика од пишан збор;
  • да се поттикнува и охрабрува за препознавање на слики и илустрации по барање од возрасниот;

Пишување

  • Да се поттикнува интерес за користење и откривање на различни алатки за пишување;
  • да се поттикнува интерес за имитирање на пишување преку чкртање;
  • да се поддржува желбата за индивидуално изразување во претпишувачки период.