Социјален развој
- Да се запознае со името на градинката;
- да се запознае со правилата за однесување во групата и да се навикнува целосно да ги почитува;
- да се поттикнува почитување и споделување во игра со други деца;
- да се поттикнува да се договара и игра заедно со другите, да решава едноставни задачи и заедно со воспитувачот да се обидува да решава проблеми и конфликтни ситуации кои се појавуваат меѓу децата;
- да се оспособува да воочува сличности и разлики помеѓу децата во групата (пол, височина, име и презиме, боја на очите и сл.), како основа за почитување на различностите;
- да се поттикнува да се запознава со возрасните кои работат во градинката;
- да се запознава со името на својот град – место на живеење, својата држава;
- да се поттикнува да воочува различни објекти во непосредната близина;
- да се запознава со убавините на својот роден крај, со дел од народното богатство и културата;
- да се развива почит кон семејните, локалните и државните празници;
- да се развива свесност за постоење и почитување на различни култури;
- да се поттикнува на спонатност во контактите со возрасни и врасници;
- да се развива свесност за различностите меѓу врсниците;
- да се поттикнува кон развивање соработка, толеранција и пријателство со врсниците;
- да се поттикнува на развивање способност за разбирање на правилата на однесување во игрите и други ситуации;
- да се запознава со некои права и обврски;
- да ја негува уредноста и да се поттикне да води грижа за хигиената во средината;
- да се поттикнува кон разбирање на разни социјални контакти (роднинство, пријателство);
- да се воведува во формирање елементарни работни навики;
- да се поттикнува на формирање елементарни поими за морално однесување.
Емоционален развој
- Да се поттикнува детето на разбирање на основните емоционални состојби кај себе и кај другите деца;
- да го негува и развива чувството на љубов кон себе, другите луѓе, природата;
- да се поттикнува кон градење на елементарен емоционален став кон себе и другарчињата;
- да препознава основни емоционални состојби кај возрасните;
- да се поттикнува да ги развива радоста и задоволството од успешно завршената работа;
- да се оспособува за искажување на сопствените емоции;
- да се оспособува за прифаќање и соочување со стравот од животни, темнина, непознати луѓе и ненадејни ситуации;
- да негува позитивен емоционален однос кон членовите на семејството, да се поттикнува да развива чувство на припадност и меѓусебна доверба.