Љубопитност и иницијативност
- Да се охрабрува детето да поставува прашања и да се негува упорноста и истрајноста во добивањето одговор;
- да се развива потребата од поставување прашања со цел да се добие објаснување за нештата што не се јасни;
- да се развива потребата и способноста за изнаоѓање на сопствени пристапи во решавањето проблемски ситуации;
- да се поттикне кон развивање на сопствен стил на учење;
- да се поттикнува развивање свесност за сопствените начини и пристапи во откривањето нови сознанија;
- да се развива интерес и потреба за интерактивно решавање на проблемски ситуации преку користење на различни предмети и материјали од непосредното опкружување.
Креативност и истрајност
- Да се поддржува детето во настојувањата да истрае во игри и активности кои бараат поголемо внимание;
- да се развива способноста за изразување на мислите и искуствата низ различни форми;
- да се поттикнува да ја користи својата креативност во секојдневни ситуации;
- да се развива способноста за користење на своите непосредни искуства во процесот на учењето;
- да се развива истрајноста во процесот на учење и откривање.