Комуникација и медиумска култура
- Да се оспособува и навикнува детето на правилно дишење потребно за добар изговор;
- да се развива правилно функционирање на говорниот апарат;
- да се развива способноста за слушање со внимание (способност да се слуша говорот и гласовите од кои се состои); фонематски слух (разликување на гласовите во говорот);
- да се усовршува способноста за јасно изговарање на речиси сите гласови;
- да се поттикнува и оспособува за искажувања на своите идеи на повеќе начини;
- да се поттикнува и развива способноста за меѓусебна комуникација и поттикнување на детето за разговор со своите врсници;
- да се оспособува за раскажување сопствено искуство или доживување;
- да се развиваат способности за јасно рецитирање на стихотворба со промена на интонацијата на гласот;
- да се оспособува за препознавање на зборови кои се различни од мајчиниот јазик;
- да се поттикнува за учество во драматизации и кон желбата за прифаќање на игра на улоги.
- да се поттикнува детето и развива способноста на детето за разгледување на сликовница или друг печатен материјал, држејќи ја книгата во правилна позиција;
- да се развива способноста за раскажување настани по слики кои имаат одреден редослед;
- да се развива способноста за користење книга или сликовница;
- да се развива способноста за поврзување на глас со одредена буква;
- да се развиваат способностите за слушање, разбирање и доживување на содржината на литературните творби, запознавање со одбрани прозни и поетски дела од уметничката и народната книжевност;
- да се негува и почитува убавината на својот мајчин јазик;
- да се слушаат различни литературни видови;
- да се негува способноста за забележување и доживување на звучноста и ритмичноста на поетскиот говор, мотивирање за запомнување на стихови;
- да се оспособува за формирање зборови кои означуваат множина, како и деминутивни и аугментативни, за менување на зборовите и нивно усогласување по ред и број за усогласување на глаголите по време (сегашно, минато и идно), како и нивно поврзување во реченици;
- да се збогатува речникот со зборови кои означуваат поопшти поими.
- да се развива способноста за пишување или цртање на разни форми со повеќе потези;
- да се развива способноста за пишување на дадена буква со гледање пример (копирање).
- да се развиваат способности за поврзано раскажување во кое се опишуваат предмети и појави од непосредната околина;
- да се запознаат со традиционалните говорни игри (загатки, бројалки, игри со зборови, надмудрување и сл.) и негување вештини за нивно користење како креативни модели;
- да се поттикнуват за кажување шеги, необични изрази, смешен говор;
- да се поттикнуваат за смислување гатанки, текстови за драматизација.