Груб моторички развој
- Да се оспособи детето да одржува рамнотежа при трчање;
- да се развива способноста да се движи нанапред и наназад со леснотија;
- да се развива прецизноста на движењата;
- да се развива способноста да оди по ниска греда со исправени раце;
- да се запознава со елементи на одредени спортови;
- да се развива способноста да скока нанапред;
- да се поттикне детето да го забрза и успори одот кога е потребно;
- да се охрабри во обидите да ги усоврши природните движења: фаќање, фрлање, провлекување, тркалање, качување, симнување;
- да се поттикне да го движи телото и екстремитетите по такт на музика;
- да се развива способноста за носење предмети од едно на друго место;
- да се поттикнува кон развивање контрола и координација на одење во просторот;
- да се оспособува да се потргнува за да не удри во друго другарче за време на танцувачки активности.
Фин моторички развој
- Да се оспособи детето да ја држи топката со двете дланки над главата и да ја фрли на напред;
- да се развива способноста да реди сложувалки од осум парчиња;
- да се развива способноста да витка, тутка и лепи хартија и други материјали;
- да се поттикне да ја користи и зајакнува дланката и прстите;
- да се оспособи да ниже предмети со мали дупки (бројаници, монистра);
- да се оспособи детето да сече со ножици;
- да се поттикне да ги користи движењата на прстите и дланката за конкретна цел;
- да се поттикне кон развивање на координираност помеѓу окото и раката.
Здравје и безбедно однесување
- Да се поттикне самостојно да ги мие рацете, лицето, телото и забите;
- да се оспособи да го брише носот и да го фрла хартиеното марамче на одредено место;
- да се охрабри самостојно да ја одбира, облекува и соблекува облеката;
- да се оспособи да ги опасните места;
- да се охрабри да бара помош (кога нешто го боли, лошо му е, се повредило).
Сензомоторен развој
- Да се усовршува функцијата на сетилото за вид;
- да се развива способноста кај децата да ги разликуваат звуците, гласовите, шумовите;
- да се развива сетилото за вкус и мирис;
- да се оспособува вербално да го сооопштува своето доживување на вкус и мирис;
- да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали;
- да се развие сетилото за допир