Згрижувачка дејност


Згрижување е институционално организирано прифаќање и престој на деца од 0 – 6 години. Тоа опфаќа: нега и исхрана, одмор и превентивно – здравствени активности.

Под нега се подразбира грижа и лична хигиена, редовно конзумирање на квалитетна и свежо подготвенa храна, формирање на навики за исхрана и воспоставување на контрола  на органи за излачување.

Дневен одмор – спиење, го зајакнува менталното здравје и детскиот организам; децата спијат во проветрена просторија, во посебни креветчиња, а должината на спиењето зависи од возраста на детето. Подготовките за дневен одмор и станувањето овозможуваат формирање и утврдување на работните навики за самопослужување, одржување на лична хигиена и уредност.

Престој на свеж воздух – има придонес во зајакнување на детскиот организам, а должина на престојот зависи  од возраста на детето.

Превентивно здравствени активности – систематски прегледи на децата и вработените, редовно одржување на хигиена во просториите и дворот на градинката, подготовка и дистрибуирање на храна според HACCP систем.