Управниот одбор е орган на управување на детската градинка. Во детската градинка Управниот одбор брои 7 (седум) члена од кои: тројца претставници од основачот, еден претставник од установата, двајца претставници од родителите на децата и еден претставник од министерството за труд и социјалната политика на Република Македонија. Членовите на Управниот одбор се именуваат за период од четири години. Со Управниот одбор раководи претседател на Управниот одбор. Управниот одбор донесува одлуки со мнозинство гласови од вкупниот број членови. Работата на Управниот одбор поблиску се уредува со Деловник за работа на Управниот одбор.

Управниот одбор на детската градинка ги врши следните работи:

  • донесува Статутот на детската градинка
  • предлага Годишна програма за работа и Извештај за работа до Советот на Општината
  • предлага финансиски план до Советот на Општината
  • предлага годишна сметка до Советот на Општината
  • усвојува развоен план на детската градинка
  • донесува план за јавни набавки
  • донесува одлука за јавни набавки
  • објавува јавен оглас за избор на директор на детската градинка
  • донесува акт за внатрешна организација и систематизација на работните места во установата на кој согласност дава Совет на Општина
  • одлучува по приговори и жалби на вработените и корисниците на услуги
  • донесува деловник за работа на Управен одбор
  • формира постојани и повремени комисии за определени прашања поврзани со работењето на детската градинка
  • донесува ак за плати и надоместоци
  • донесува други општи акти на детската градинка
  • расправа по наоди и мислења по извештајот за стручниот надзор над законитоста во работата и работењето