Социјален развој

  • Да се поттикнува детето да воспоставува емоционални врски со еден или повеќе возрасни лица и да се развива чувство на сигурност;
  • да се оспособува да го збогатува социјалното искуство од кругот на семејството кон средината која го опкружува;
  • да се воведува во создавање основа за запознавање на својот физички изглед (елементарна слика за себе);
  • да се поттикнува да ја развива способноста да разбере и препознае мимики, гестови, изрази на лице, боја на глас на познати возрасни (невербална комуникација)
  • да се негува чувството на доверба;
  • да се поттикнува да ги развива културно – хигиенските навики;
  • да се воведува во елементарни правила на однесување;
  • да се поттикнува да ја развива невербалната и вербалната комуникација во односите дете – возрасен, дете – дете;
  • да се поттикнува интересот за другите деца во групата (преку паралелни и заеднички активности на децата, особено во мали групи од две до четири деца);
  • да се поттикнува завршување на започнатата задача;
  • да се поттикнува препознавање на некои манифестации на однесувањето на другите (радост, тага, лутина);
  • да се поддржува во негување на отвореност и спонтаност кон нови доживувања;
  • да се поттикнува за доживување и манифестирање љубов кон луѓето, животните, предметите, растенијата;
  • да се поттикнува свесноста за себе;
  • да се оспособува за стекнување физичка и психичка самостојност при задоволување на своите потреби.

Емоционален развој

  • Да се поттикнува детето на негување лична автономија;
  • да ја развива свесноста за идентификација на своето име, за деловите на своето тело и неговите функции;
  • да се поттикнува да развива свест за себе во однос на другите лица;
  • да се поттикнува да развива свесност за својот полов идентитет;
  • да се охрабрува да стекнува доверба во своите можности, во почетоците на градењето на својот идентитет;
  • да се оспособува да прифаќа разделби без бурно реагирање;
  • да се поттикнува на отвореност кон нови доживувања;
  • да се поттикнува да ја развива способноста за препознавање позитивни и негативни чувства;
  • да се поттикнува на развој на чувствата на: сигурност, прифатеност и заштитеност во групата;
  • да се поттикнува кон развивање на позитивните емоции: љубов, радост, задоволство;
  • да се поттикнува кон способноста за намалување на моментниот интензитет на негативните емоции.