Планирање на потребите од хранливи материи за децата од оваа возраст е условена од интензитетот во растењето на малиот организам и вонредно изразена физичка активност. Растојание меѓу оброците е најмалку три (3) часа. Децата се хранат индивидуално од страна на возрасен при што се формираат навики за исхрана – козумирање на храна во одредено време и правилно држење на телото при седење на столче. Со зголемување на возраста на децата, според технологија на приготвувањето, оброците сè повеќе личат на оброци за возрасни.