Воспитание на деца во Јасли (0-2 години)

Со цел поттикнување на развој на детето од сите аспекти се планираат воспитни активности кои имаат придонес за растење и игра во нова средина, нега, здравје, сигурност, слободно движење и обезбедување на индивидуален пристап од страна на негователките.

Врз основа на сознанија од опсервација на децата се планираат групни и индивидуаслни воспитни активности за кои негователката соодветно ја структуира средината.

Воспитните активности се планираат од страна на посебно формирана Комисија и нивната реализација има придонес за поттикнување на сензомоторен, социо-емоционален, когнитивен развој-мислење, перцепција, говор, знаења за себе и непосредна околина.