Воспитание и образование на деца во Центар за ран детски развој (3-6 години)

Со децата во Центар за ран детски развој, се реализира скратена форма на работа за престој на деца од 3-6 години.
Воспитно-образовните влијанија се реализираат според Програма за рано учење и развој.

При планирањето на воспитно-образовните влијанија воспитувачот со асистенција на стручната служба ги имплементира сознанијата од опсервации на децата земајќи ги во предвид: возраста, индивидуалните потреби, компетенции, искуства, можности, интереси, како и условите за работа.

Во текот на денот постои интегративен и холистички пристап на сите аспекти на развој на децата и се практикува индивидуален пристап и примена на повеќе различни стратегии.

Работа се документира и евидентира во пропишани документи од страна на МТСП, во хартиена форма.

Центри за ран детски развој се: Сонце и Бамби.