Груб моторички развој

  • Да се поттикнува детето да трча стабилно и брзо;
  • да се развива способноста да потскокнува со едната и другата нога;
  • да се развива способноста за контрола на рамнотежата при сложени локомоторни движења;
  • да се развива способноста да се качува и симнува со леснотија на разни направи за вежбање во дворот или салата;
  • да се оспособи за изведува локомоторни активности и координирање на движењата во комбинација со разни физички направи;
  • да се поттикне да комбинира секвенци на неколку моторички движења на организиран начин (полигон);
  • да се развива координација и контролата на движењата при одење и трчање;
  • да се оспособи за координирано движење на телото според тактот на музиката;
  • да се развива способноста да ги поставува телото и екстремитетите соодветно на намерата;
  • да се поттикне да учествува во движечки активности со препреки;
  • да се развива способноста да прескокнува ниски препреки при трчање.

Фин моторички развој

  • Да се развива способност детето да ја користи доминантната рака;
  • да се развива способност да фаќа мала топка со едната или со двете дланки;
  • да се поттикне да држи ножички со едната рака и да сече хартија по зададена линија;
  • да се развива вештината за движења на прстите и дланката за конкретна цел;
  • да се развива координираноста помеѓу окото и раката.

Здравје и безбедно однесување

  • Да се оспособи детето да ги покрива устата и носот кога кашла;
  • да се развива способност за самостојно да ги извршува своите физиолошки потреби внимавајќи на хигиенските правила;
  • да се поттикне да го одржува просторот во кој престојува чист и уреден;
  • да се развива способноста внимателно да ја поминува улицата во придружба на возрасна личност;
  • да се поттикне да ги препознава штетните и опасни навики по здравјето.

Сензомоторен развој

  • Да се развива способноста за изведување на координирани движења рака-око со користење различни материјали и играчки;
  • да се збогатат сетилните искуства преку мирисот;
  • да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали;
  • да се поттикнува да препознава благо кисело, солено, горчливо, топло, ладно, меко, тврдо и сл.;
  • да се оспособува за забележување детали;
  • да се оспособи за разликување на различни звуци, шумови и гласови;
  • да се поттикнува да препознава и именува предмети, лица и звуци користејќи ги сетилата.