Навики за одржување на лична хигиена и уредност

Со помош на возрасен на детето му се обезбедува миење на раце пред и по јадење, зачувување на чиста облека, соблекување и облекување; учи самостојно да ја става облеката и обувките на одредено место; да умее да употребува прибор за хигиена (сапун, хартија за хигиена) и да користи санитарни уреди.

Навики за културно јадење

Посамостојно да јаде и правилно да користи прибор за јадење, правилно да ја конзумира храната, уредно да го става столчето на одредено место, да седнува и јаде на определено место и време.

Навики за културно однесување

Постепено да го усвојува умеењето да ги поздравува другарчињата и возрасните при доаѓање и одење од групата, при влегување правилно да ја отвора и затвара вратата, правилно да ги користи играчките во индивидуални и групни игри и да ги остава на определено место; да употребува зборови за културно однесување (благодарам, догледање).