Љубопитност и иницијативност

  • Да се оспособува детето за користење на различни форми и извори на информации;
  • да развива иницијативност и да се подрдржува во неговата самостојност за изборот на материјалите за истражувачките активности;
  • да се поттикнува кон поставување прашања за непознати предмети, лица и настани во моментот на набљудувањето;
  • да се развива способноста за искористување на играта и игровните активности во функција на учење и откривање;
  • да се поддржува кога пројавува иницијативи и интереси за стекнување нови знаења.

Креативност и истрајност

  • Да се поддржува детето во истрајноста во процесите на учењето и откривањето;
  • да се поддржува во изразувањето на различни начини на искажување на сопствените идеи и мисли, искуства и чувства;
  • да се поддржува на свој начин да ги пренесе своите решенија, мислења, искуства, заклучоци и сл.
  • да се поттикнува кон разни видови креативност;
  • да се поддржува кон користење на играчките, предметите за друга намена, различна од онаа за која тие се создадени.