Логика и размислување

  • Да се оспособи за користење на истражувањето и набљудувањето како средства за откривање и учење;
  • да се поттикнува кон активно учење низ проекти и низ други форми на учење;
  • да се оспособува за систематизирање и поврзување на стекнатите знаења;
  • да се поттикне кон освестување и градење на личниот процес научење;
  • да се поттикне кон воведување на користење на повисоките мисловни процеси (заклучување, помнење, логичко поврзување, апстрахирање, анализирање, селектирање);
  • да се оспособува за користење на конкретното набљудување и манипулирање во функција на активирање на повисоките мисловни функции;
  • да се оспособува за дивергентно мислење во процесот на решавање на едноставни проблемски ситуации;
  • да се поттикнува и поддржува во сфаќањето на причинско – последичните врски и релации;
  • да развива чувство за случувањата во сегашноста (разбирање на концептот за сегашност);
  • да се оспособи за воочување, разбирање и користење на временски релации (сега, вчера, денес, утре, пред тоа, потоа и сл.);
  • да развива способности и стратегии за користење на старите знаења и искуства во стекнување нови поими и претстави.

Математика

  • Да се оспособува за визуелно восприемање и именување на одредени броеви (кои се во или надвор од низата);
  • да се воведува конреверзибилноста во користењето на едноставни математички процеси;
  • да се оспособува за просторно ориентирање и вербално искажување на односите меѓу предметите (воочување релацииво однос на себе пред – зад; горе -долу; над- под, блиску – далеку, покрај);
  • да се оспособува за просторно ориентирање и вербално искажување на односите меѓу предметите (воочување релацииво однос на други предмети: пред–зад; горе-долу; над-под,блиску-далеку, покрај);
  • да развива способности за воочување и идентификување на деловите од целината;
  • да се оспособи за препознавање на цифрите од еден до пет;
  • да се воведува во усвојување на поимот за количина (број на елементи);
  • да се поттикнува способноста за поврзување на количината (бројна елементи) со симболите на броевите (цифри);
  • да се оспособува за одредување и препознавање на временските релации (делови од денот: утро – пладне – вечер, ден-ноќ; денес);
  • да се поттикнува кон користење на математички поими во опкружувањето;
  • да се оспособува за воочување и споредување на разликите кај предметите;
  • да се развива способности за споредување на брзина;.
  • да се поттикнува кон користење на стандардни и нестандардни мерки за мерење должина;
  • да се поттикнува кон проценка на количество и должина и тоа да го провери со мерење и со броење;
  • да се оспособува за попрецизно визуелно воочување и вербално изразување на разликите во големината и должината кај некои објекти и предмети;
  • да се оспособува за класификација, компарација и серијација според боја, форма, големина, вид и род;
  • да се поттикне кон воочување, препознавање и именување на круг, квадрат, триаголник, топка и коцка;
  • да се поттикне кон доживување на математиката како пријатно искуство;
  • да се поттикнува формирање на особини на личноста: иницијативност, трпеливост, истрајност, љубопитност, прецизност.

Наука

Запознавање и разбирање на околината

  • Да се оспособува детето за запознавање со околината, карактеристиките, посебностите на местото на живеење, градинката;
  • да се запознава со општествената средина во која живее, како и со одредени општествени институции и нивната намена;
  • да се запознава со државните симболи, постоењето на детските права, како одредени принципи на демократското живеење;
  • да се оспособува за одредување на временските релации (месеци, денови во неделата, ден – ноќ, периоди во денот);
  • да се поттикне за осознавање и откривање на својствата на телата и предметите (тродимензионалноста, агрегатната состојба, твдоста, топлината, мирисот, привлекување итн.);
  • да се поттикне кон осознавање и откривање на својствата, значењето и примената на водата, воздухот, почвата, светлината, звукот;
  • да се стекнува со елементарни претстави за планетата Земја;
  • да се оспособува за распознавање на одредени географски поими од опкружувањето;
  • да се запознава со метеоролшките појави и атмосферските прилики од непосредната средина;
  • да се оспособува за препознавање и вербално искажување на карактеристиките на годишните времиња;
  • да се оспособува за препознавање и класификација на животните според местото и условите на живеење; карактеристиките, ползата од нив, како и начините за безбедно однесување;
  • да се поттикнува интересот и љубовта кон природата и обезбедување поддршка на љубопитноста изразена преку детските прашања;
  • да се оспособува за користење на истражувањето како форма научење;
  • да се оспособува за препознавање и класификација на растенијата, одредени видови, нивните карактеристики, услови за раст, развој, корист, примена и значење за целокупното опстојување на планетата Земја;
  • да се оспособува за откривање и почитување на основните фактори и услови за опстојување и за развој на живиот свет;
  • да се поттикнува кон свесност за сопствената улога во поддршката за опстанокот на природата;
  • да се поттикнува за правилен однос кон материјалните вредности (храна, вода, енергија) и развивање на одговорно однесување;
  • да се оспособува за стекнување на основни сознанија за човекот како природно и социјално суштество;
  • да развива свесност за припаѓање и меѓузависност во опстанокот на живата природа;
  • да создава интерес кон научниот пристап во проучувањето и осознавањето на природата, растенијата, животните и човекот;
  • да се поттикне кон развивање на сообраќајната култура и воведување во современата техника и технологија на комуникакција;
  • да се оспособува за флексибилно и дивергентно мислење во процесот на истражувањето, откривањето и учењето;
  • да се поттикнува еколошката свести прифаќањето на екологијата како дел од современиот начин на живеење.

Уметност

Ликовно воспитание и музичко воспитание

  • Да се поттикне детето кон користење на уметничкиот израз во функција на поставување лични животни вредности;
  • да се поттикне кон естетско доживување на опкружувањето;
  • да се оспособи за истражување и споредување на различни звуци, гласови, шумови;
  • да се оспособи за опсервација, слушање и имагинација според доживувањата низ музичките активности;
  • да се оспособува да ги усогласи своите движења со карактерот на музиката;
  • да се оспособи за користење различни материјали, алатки, инструменти, предмети и други достапни ресурси за музичко изразување на сопствените креативни идеи и чувства;
  • да се поттикне интересот и љубовта кон танцувањето и креативното изразување преку движењата на телото;
  • да се запознае со народниот фолклор;
  • да се запознае со детските музички инструменти: барабанче, стапчиња, чинели, триангл, ѕвончиња, тропалки, дајре, кастањети;
  • да се поттикне кон препознавање и разликување на различни видови на музички израз;
  • да се стекне со сензитивност во препознавањето и разликувањето на пријатни и непријатни звуци;
  • да се оспособи да слуша и репродуцира песни различни по содржина и карактер (од 6 до 8 песни годишно);
  • да се поттикне кон самостојно пеење, пеење во група, во хор и во пар;
  • да се оспособи за користење различни материјали, алатки, инструменти, предмети и други достапни ресурси за ликовно изразување на сопствените креативни идеи и чувства;
  • да се оспособува за творештво при набљудување, користење, комбинирање и истражување со различни ликовни и неликовни творечки материјали;
  • да се оспособи за истражување и споредување бои, простор, форми,текстура и облици на предмети во две и три димензии;
  • да се воведе во техниките: цртање, сликање, печатење, моделирање и обликување преку разни вежби и игри;
  • да стекне ликовни вештини за контрола и координација на движењето на раката при користење на приборот за разни ликовни техники;
  • да се оспособи за препознавање и правилно именување на цртачките и сликарските материјали (молив, дрвени/восочни/темперни,/водени бои, креди вобоја и сл.);
  • да се поттикне кон графичко и ликовно изразување на доживувањата, емоциите и потребите;
  • да се поттикне преку користење на ликовните техники да ги изразува своите мисли и чувства;
  • да се воведува и запознава со својствата на разни техники и материјали за моделирање (тесто, пластелин, глина и глинамол и сл.);
  • да се стекнува со вештини за користење на разни ликовни постапки (гмечење, туткање, кинење, лепење, сечење, цепкање и др.).