Груб моторички развој

  • Да се усоврши способноста за одржување на рамнотежата на телото;
  • да се усовршат основните природни движења: одење, трчање, скокање, качување, провлекување;
  • да се развива способноста за ориентација во просторот;
  • да се оспособи да ги контролира деловите на телото;
  • да се развива чувството за ритам;
  • да се усовршува способноста да комбинираат секвенци на неколку моторички движења;
  • да се поттикне развивањето на одделни мускулни групи;
  • да се развива способноста за прескокнување повисоки препреки при трчање.

Фин моторички развој

  • Да се развива способноста кај детето да ја користи доминантната рака во секоjдневните активности;
  • да се oспособи да сипува течност во чаша, шише;
  • да се развива способноста кај детето да дофаќа фрлена мала топка со едната или со двете дланки;
  • да се усоврши координацијата за држење на ножички со едната рака и сечење хартија;
  • да се развива способноста кај детето да истиснува густа содржина од туба;
  • да се оспособи детето да црта, слика, моделира по зададена или слободна тема;
  • да се развива способноста кај детето да превиткува хартија.

Здравје и безбедно однесување

  • Да се усоврши способноста кај детето самостојно да ги извршува своите физиолошки потреби внимавајќи на хигиенските правила;
  • да се оспособи да го средува просторот во кој игра;
  • да се оспособи внимателно да ја поминува улицата во придружба на возрасна личност;
  • да се усоврши способноста да препознава штетни и опасни навики по здравјето;
  • да се оспособи да ги препознава факторите кои можат да го загрозат здравјето.

Сензомоторен развој

  • Да се сензибира тактилната осетливост;
  • да се збогатуваат сетилните искуства преку истражување – допирање на различни материјали;
  • да се развива осетливоста за вкус;
  • да се оспособува да именува различни вкусови;
  • да се оспособува за препознавање и именување на мириси.
  • да се збогатува сопственото сетилно искуство преку истражување – мирисање и вкусување на храната;
  • да се усовршува функцијата на сетилото за вид;
  • да се усовршува функцијата на сетилото за слух;
  • да се оспособува преку истражување да разликува и именува различни шумови, звуци и гласови.