Социјален развој

  • Да се запознае со името на градинката;
  • да се запознае со правилата за однесување во групата и да се навикнува целосно да ги почитува;
  • да се поттикнува почитување и споделување во игра со други деца;
  • да се поттикнува да се договара и игра заедно со другите, да решава едноставни задачи и заедно со воспитувачот да се обидува да решава проблеми и конфликтни ситуации кои се појавуваат меѓу децата;
  • да се оспособува да воочува сличности и разлики помеѓу децата во групата (пол, височина, име и презиме, боја на очите и сл.), како основа за почитување на различностите;
  • да се поттикнува да се запознава со возрасните кои работат во градинката;
  • да се запознава со името на својот град – место на живеење, својата држава;
  • да се поттикнува да воочува различни објекти во непосредната близина;
  • да се запознава со убавините на својот роден крај, со дел од народното богатство и културата;
  • да се развива почит кон семејните, локалните и државните празници;
  • да се развива свесност за постоење и почитување на различни култури;
  • да се поттикнува на спонатност во контактите со возрасни и врасници;
  • да се развива свесност за различностите меѓу врсниците;
  • да се поттикнува кон развивање соработка, толеранција и пријателство со врсниците;
  • да се поттикнува на развивање способност за разбирање на правилата на однесување во игрите и други ситуации;
  • да се запознава со некои права и обврски;
  • да ја негува уредноста и да се поттикне да води грижа за хигиената во средината;
  • да се поттикнува кон разбирање на разни социјални контакти (роднинство, пријателство);
  • да се воведува во формирање елементарни работни навики;
  • да се поттикнува на формирање елементарни поими за морално однесување.

Емоционален развој

  • Да се поттикнува детето на разбирање на основните емоционални состојби кај себе и кај другите деца;
  • да го негува и развива чувството на љубов кон себе, другите луѓе, природата;
  • да се поттикнува кон градење на елементарен емоционален став кон себе и другарчињата;
  • да препознава основни емоционални состојби кај возрасните;
  • да се поттикнува да ги развива радоста и задоволството од успешно завршената работа;
  • да се оспособува за искажување на сопствените емоции;
  • да се оспособува за прифаќање и соочување со стравот од животни, темнина, непознати луѓе и ненадејни ситуации;
  • да негува позитивен емоционален однос кон членовите на семејството, да се поттикнува да развива чувство на припадност и меѓусебна доверба.