Груб моторички развој

  • Да се оспособи детето да одржува рамнотежа при трчање;
  • да се развива способноста да се движи нанапред и наназад со леснотија;
  • да се развива прецизноста на движењата;
  • да се развива способноста да оди по ниска греда со исправени раце;
  • да се запознава со елементи на одредени спортови;
  • да се развива способноста да скока нанапред;
  • да се поттикне детето да го забрза и успори одот кога е потребно;
  • да се охрабри во обидите да ги усоврши природните движења: фаќање, фрлање, провлекување, тркалање, качување, симнување;
  • да се поттикне да го движи телото и екстремитетите по такт на музика;
  • да се развива способноста за носење предмети од едно на друго место;
  • да се поттикнува кон развивање контрола и координација на одење во просторот;
  • да се оспособува да се потргнува за да не удри во друго другарче за време на танцувачки активности.

Фин моторички развој

  • Да се оспособи детето да ја држи топката со двете дланки над главата и да ја фрли на напред;
  • да се развива способноста да реди сложувалки од осум парчиња;
  • да се развива способноста да витка, тутка и лепи хартија и други материјали;
  • да се поттикне да ја користи и зајакнува дланката и прстите;
  • да се оспособи да ниже предмети со мали дупки (бројаници, монистра);
  • да се оспособи детето да сече со ножици;
  • да се поттикне да ги користи движењата на прстите и дланката за конкретна цел;
  • да се поттикне кон развивање на координираност помеѓу окото и раката.

Здравје и безбедно однесување

  • Да се поттикне самостојно да ги мие рацете, лицето, телото и забите;
  • да се оспособи да го брише носот и да го фрла хартиеното марамче на одредено место;
  • да се охрабри самостојно да ја одбира, облекува и соблекува облеката;
  • да се оспособи да ги опасните места;
  • да се охрабри да бара помош (кога нешто го боли, лошо му е, се повредило).

Сензомоторен развој

  • Да се усовршува функцијата на сетилото за вид;
  • да се развива способноста кај децата да ги разликуваат звуците, гласовите, шумовите;
  • да се развива сетилото за вкус и мирис;
  • да се оспособува вербално да го сооопштува своето доживување на вкус и мирис;
  • да се збогатуваат сетилните искуства преку допирање на различни материјали;
  • да се развие сетилото за допир