Воспитание и образование на деца во Градинка (2-6 години)

Воспитно – образовната дејност ја реализира воспитувач со асистенција на негователка а во консултација со стручната служба и директорот. Непосредната работа се заснива врз основа на опсервација на децата а сознанијатата се бележат двапати годишно во Инструмент за проценка на степенот за постигање на Стандардите за рано учење и развој кај децата и е составен дел на Досие на детето.

Во текот на денот постои интегративен и холистички пристап на сите аспекти на развој на децата (домени), притоа се зема во предвид возраста на децата, нивните индивидуални потреби, можности, способности и интереси, како и условите за работа. Во непосредна работа со детето се практикува индивидуален приод и примена на повеќе различни стратегии. Воспитно-образовната работа воспитувачот ја документира и евидентира во пропишани документи од страна на МТСП, во хартиена и електронска форма. Децата од големите и средните групи факултативно изучуваат специјални програми – англиски јазик, физичко и здравствено воспитание и модерен танц.

Во Програмата за рано учење и развој се интегрирани содржини од други програми и проекти распоредени според возраста на децата.