По повод светскиот Ден на планетата Земја, учителките и децата од големите групи од објект „Пчелка“ организираа еко-патрола во блиската околина со делење на еко-флаери. Покрај еко-флаери, децата носеа пароли и беа придружувани од сите деца од останатите групи. По враќање во објектот децата цртаа на тема „Среќен роденден планета Земјо“ и слушаа и пееа Еко песни.