На  21.02.2019 година, децата од Голема Б група од објектот „Развигорче“, заедно со претставници од нивните родители ја посетија Националната Установа „Народен музеј“ – Куманово.

Цел на посетата беше децата да се запознаат со националното и културното наследство на Кумановскиот регион, поточно, запознавање на децата со постојаната поставка која содржи предмети од историјата и етнологијата.