Во објектот „Кокиче“ , Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот – Куманово и Отсек за Превенција при СВР Куманово со учество на Сообраќајната Полиција во партнерство и соработка со ЈОУДГ – Детска градинка “Ангел Шајче” – Куманово , реализираше едукативни предавања за децата на возраст од 5-6 години.

Децата во оваа прилика се стекнаа со теоретски и практични знаења за основните сообраќајни правила и прописи.

Сите деца вклучени во овој едукативен процес добија на подарок украсен филџан со слика на дете полицаец.

Сите заедно БЕЗБЕДНИ И СИГУРНИ!!!