Во пресрет на највеселите денови за дечињата сплотени со Новата година и Дедо Мраз, а во соработка со родителите и останатите дечиња од групите, организиравме Новогодишна креативна онлајн работилница.

Креативните идеи во изработка на украси за семејните елки, изработени од рацете на дечињата во градинката и големата поддршка од родителите помогнаа да ја зголемиме радоста кај децата. Благодарност до сите родители кои помогнаа и овој ден да остане запаметен во книгата на детството.