На традиционалната велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“ по повод празникот „11ти Октомври“, во организација на Велосипедски клуб Вело-М Термалифт, Општински сојуз на спортови Куманово и Велосипедска федерација на Македонија, а под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, зедоа учество и 50 дечиња од нашата Установа. Трката стартуваше пред Спортската сала, а на победниците им беа доделени медали за освоено прво, второ и трето место.