Во пресрет на 2019 година кога се одбележуваат 500 години од постоење на градот Куманово, на првиот ден на есента – 22 септември, 60 дечиња со мултиетнички состав (македонска, албанска, српска и ромска националност) од ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово, објект Бубамара, учествуваа во настанот „Есен во Куманово“ во организација на Здружението на граѓани „Стартерпроект” во соработка со Општина Куманово и фондација за Култура и спорт.
Во рамки на настанот беа реализирани низа активности низ кои децата ги водеше „Мајка природа“ – олицетворение на женскиот лик од грбот на Куманово. Преку овие активности тие се запознаа со природата, ја пречекаа есента, а преку „Дрвото на животот“ на сликовит начин им беше објаснет развојот на општеството (предците како корења, општеството како стебло, семејството како гранки и нив како ливчиња).