Дечињата од објектот „Бубамара“ многу радост и креативност споделуваа меѓу себе во активности со своите учителки. Бидејќи беа вредни и истрајни кокошката Кока реши да ги изненади и награди. Таа за нив подготви многу чоколадни јајца. Но торбата и беше премногу тешка, се скина и чоколадите и чоколадните јајца останаа распрскани насекаде низ дворот на градинката. Децата се забавуваа додека ги бараа подароците од кокошката Кока. На радоста и немаше крај!
Децата ја прават магијата во градинката!