Еден необичен ден,како за децата така и за возрасните. Ден поминат со восприемање на новитети од средината во која живееме.

Поточно децата со своите учителки имаа можност да ја разгледаат изложбата во просториите на НУЦК ,,Трајко Прокопиев,, во Куманово под наслов АКТ.Скулптурите беа изработени исклучиво со употреба на рециклиран материјал, отпад и ready made/ready found објекти. Исто така при посетата на самата изложба децата го запознаа авторот на скулптурите, со кој остварија интеракција не само во установата туку и по наша покана, стана гостин во објектот. Бидејќи по професија е и воспитувач, па со леснотија создаде позитивна атмосфера и инспирација на дечињата за создавање цртежи по сопствено доживување, кои можеби ќе му послужат како мотив за некоја следна скулптура. Ни беше почесен гостин и со своите дела беше пример како да ја развиеме еко свеста и воедно да применуваме нови игри од рециклиран мареијал.