Почитувани родители,

            Ве известуваме дека ЈОУДГ„Ангел Шајче“-Куманово, ќе продолжи со реализирање на воспитно-образовна работа со Вашите деца преку Е-занимална. Целта е да бидеме поблиску со децата и да продолжиме позитивно да влијаеме во формирање на нивен правилен психофизички раст и развој.

             Активностите се планирани според државната Програма за рано учење и развој. Воспитниот кадар секојдневно ќе ви нуди дневни активности кои се едноставни и ќе можете со децата да ги реализирате во вашиот дом.

            Ваша задача е да се вклучите во групата на Вашиот воспитувач, да ги проследите напатствијата за реализација и по завршената работа да испратите фотографија, коментар, за да имаме повратна информација.

Со почит,

Вашата ЈОУДГ „Ангел Шајче“