По повод еко акција „Хартија собираме да ја рециклираме“ неколку деца, претставници од групите од објектот „Развигорче“, заедно со еко тимот ја транспортираа старата и неупотреблива хартија во приватното претпријатие за рециклирање и производство на табли за јајца и друг вид амбалажа Мит – Груп Куманово.

Децата воедно имаа можност да го проследат начинот на рециклирање на старата хартија и добивање на нов употреблив производ.