Детска недела –

Првата недела во октомври децата од цел свет ја прославуваат, детска недела ја нарекуваат, различностите ги почитуваат.

Секој нешто знае и може да прави, но желба имаат сите да се здрави.

Да живеат заедно, среќни да бидат, со радост и смеа дните да им минат.

Денеска во објектот „Бубамара“ ја одбележавме детската недела. Со убаво и ведро расположение, на плочникот на градинката децата нацртаа пораки до сите деца во светот.