Во рамки на проектот „Од дете за дете“ нашата установа спроведе хуманитарно – собирна акција „Дарувај од срце“ во објектите: Кокиче, Славејче, Синоличка, Развигорче, Пчелка и Бубамара.

Во собирната акција се вклучија 77 донатори – родители на децата згрижени во установата и други лица, а донацијата беше предадена на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Куманово со цел да се спроведат понатамошните активности од акцијата во соработка со Црвен Крст – Куманово.