На 29.11.2018 год. во објектот Бубамара се оддржа семејна креативна работилница со наслов „Дрвото ни подарува“ на која дечињата од мали и средни групи со своите родители од есенски плодови подготвија вкусни овошни салати и интересни изработки. Исто така како дел од интерната проектна активност „Дрвото мојот пријател“, преку музичко драмска претстава „Дрвото ни подарува“, која беше изведена трилингвално на македонски, албански и српски јазик, дечињата од големите групи пренесоа порака до своите родители дека другарството и взаемното почитување се мост за надминување на сите предрасуди и различности.