По повод утрешниот празник, Ден на народното востание на македонскиот народ, дечињата од објект „Пчелка“ положија свежо цвеќе на спомен бистата на Кочо Рацин. Од мали нозе ги учиме да ја почитуваат својата татковина, да градат и негуваат топли чувства и да не заборават дека многу борци ги положиле своите животи за слободата која денес ја имаме.

Нашиот објект „Пчелка“ долги години наназад има одлична соработка со основното училиште Кочо Рацин, па по тој повод денеска на нивна покана бевме гости на настанот „Прием на првачиња во светската детска организација“.  Им посакуваме успех на сите сегашни и дини првачиња, СРЕЌНО.