Воспитниот тим од објект „Кокиче“ со децата од 4-6 год. работеа на многу интересна тема „ Различни патувања, нови доживувања “.

При патувањето запознаа други држави, народи и обележја карактеристични за нив : знаме, традиционална храна, специфични поднебја и знаменитости. Патуваа во Египет (пирамиди), Италија (пица, шпагети), Русија (кукли бабушки, матрјошки), Франција (Ајфелова кула, млечни десерти), Холандија (ветерници), Рио Де Женеиро (карневал, карневалски маски, кастањети) и на крај се вратија во својата сакана земја.