Во партнерски однос со родителите, по нивна идеја и организација децата на возраст од 4-5 год.од објектот ,,Кокиче”, имаа можност да го посетат нивното работно место во Делукс Ауто – Куманово.

Патот го продолжија и во посета на Визиана Рибен Ресторан. Прекрасниот есенски ден допринесе децата да уживаат во убавините на природата. Импресиите од доживувањето долго време ќе бидат нивен драг спомен.