Бистра вода, воздух чист, наоколу зелен лист. Нигде отпад, нигде смет е тоа е убав свет. Ако сакаш таков свет, не расфрлај ѓубре смет. Децата од објект „Бубамара“ при ЈОУДГ Ангел Шајче – Куманово не само што ги знаат овие стихови, тие и практично ги применуваат во своето секојдневие. Децата заедно со целокупниот персонал при објект „Бубамара“, во соработка со ЈП Чистота и Зеленило – Куманово, повторно направија акција за расчистување на сметот кој возрасните несовесно секојдневно го фрлаат пред нашата градинка. Со оваа акција сите заедно изразуваме апел и молба до сите граѓани кои го користат паркингот пред нашата градинка и уживаат во убавините на нашиот двор совесно и одговорно да се однесуваат. Кога е чисто е убаво, убаво е за сите, сите да уживаме во убавото, а не да уништуваме.
Децата ја прават магијата во градинката!