Започна одбројувањето до пречек на Дедо Мраз и дочек на Нова Година. Во објект „Бубамара“ започнаа новогодишните радости. Дечињата заедно со своите учителки приготвија новогодишни колачиња со што дадоа свој допринос во организирање на Новогодишен базар во објект „Бубамара“. Базарот е со хуманитарен карактер и дел од проектот „Од дете за дете“.