Месец декември е месец на дарување, затоа во објект „Бубамара“ одлучивме да реализираме една поинаква работилница. Децата извлекоа тајно другарче од својата група за кое заедно со своите родители подготвија подарок.
Детската радост и среќа беа показател за успешноста на оваа работилница.