Децата најдобро учат преку игра. Преку директна манипулација најдобро и најлесно се стекнуваат нови сознанија, се доаѓа до одредени заклучоци и се формираат трајни знаења кај децата. Идеалното време крактеристично за годишното време зима, пропратено со снег, го искористивме за учење и игра на отворено. Едноставно посакавме да ја разбудиме детската креативност и фантазија и научивме за ескимите, нивните живеалишта и начин на живот и исхрана.
Децата ја прават магијата во градинката.