Книгата е извор на знаење и најдобар пријател на секој човек и секое дете. По повод месец на книгата во објект „Бубамара“ се организираа низа активности почитувајќи ги ковид протоколите.
Се отвори библиотека на градинката во која децата имаа можност да позајмат книга сликовница за да може да ја прочитаат со своите родители. Исто така се направи избор на омилена сликовница во секоја група според која децата ликовно твореа. Беше организирана групна изложба од прекрасни детски ликовни творби од кои по пат на гласање од страна на децата беше избрана најдобрата. Авторите на победничките дела беа наградени со сликовница, а останатите како утешна награда добија боенки.
Мотото на овие активности беше – Ајде со книгите да се дружиме и од нив да се служиме.