Како и секоја година децата од големите групи од сите објекти зедоа учество на традиционалниот маскенбал „Батко Ѓорѓија“ на градскиот плоштад. Учествуваа вкупно 242 деца поделени во 8 групи.
Прва награда освои голема Б група од објект „Развигорче“ со маската „Шарени балони летаат во воздухот“, втора награда освои објект „Синоличка“ со маска „Зајче без опавче“ и трета награда освои објект „Кокиче“ со маска „Весели кокичиња патуваат со воз“.