„Баба Марта ја избрка Баба Зима, нема веќе студ да има. Зимата со себе студот го однесе, а месецот март потопло време ни донесе“.
Преку куклената претстава „Мартовска пролетна убавина“ денес во објектот „Развигорче“ децата имаа можност да се забавуваат, да слушнат и учат за значењето на деновите на пролетта како и за заштита на животната средина. Радоста беше голема за сите нас, а особено за децата кои со нивното присуство и топлиот сончев зрак зрачеа како прекрасни цветчиња во нашата градинка.