На 18.05 2023 година во организација на велосипедскиот клуб „Вело М“ – Куманово, Одделението за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќај, во Градскиот парк во Куманово, се одржа традиционалната манифестација Мали велосипедисти – натпреварувачка активност со забавен карактер, на кој учество земаа децата од возрасните групи над 5 до 6 години од сите објекти на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово.

Сите учесници добија дипломи за учество, а одрганизаторот додели и медали за освоено прво, второ и трето место.