По повод детска недела воспитниот тим од објектот „Развигорче“ на отворен простор презентираа куклена претстава со наслов „Октомвриска приказна“ на тема здрава храна.
Куклите танцуваа, зборуваа, се движеа и пееја. Претставата со кукли кај децата предизвика позитивно и весело расположение.
„Децата сакаат здрава храна да јадат, сокчиња да пијат, слатко да спијат. Децата сакаат да се сакаат, да се гушкаат во прегратка да се мушкаат.“