Во објектот „Бубамара“ се одржа креативна новогодишна работилница Да создаваме новогодишни претстави со цел кај дечињата да се поттикне љубовта кон куклениот театар. На работилницата децата со своите родители изработија апликации и текст за новогодишна претстава, а претставата потоа беше успешно изведена од родителите.

По работилницата се одржа новогодишен базар кој беше со хуманитарен карактер и дел од проектот „Од дете за дете“.