Светот на животните секогаш е непресушен извор на интерес за децата. Децата ги сакаат животните и природно e да се интересираат за животните. Како што планетата Земја е нашиот дом, така и за животните истата е нивниот дом.

На забавен начин воспитно-згрижувачкиот тим ги воведоа децата во стекнување на елементарни сознанија за животните во студените краеви и стекнување основни сознанија за нивниот изглед, живеалиште, исхрана. Исто така воедно ја поттикнуваа самостојноста во користењето на различен ликовен и останат неликовен материјал низ неколку форми на ликовно изразување.