Есента пристигна во нашиот крај. Таа прекрасна убавица облечена во жолт фустан што го распосла низ целата природа.
Жолти лисја насекаде околу нас, но и во нашите занимални. Тие беа вистинска инспирација за креативно, истражувачко, ликовно изразување на децата и учителките.
Доаѓањето на златната есен ја разбуди детската фантазија па на есенските радости им немаше крај.