На 15.11.2018 год. во објектот Синоличка се оддржа семејна креативна работилница на тема Есенски плодови на која родителите имаа активно учество во креирање на драмскиот текст „Есенско царство“ и изработка на апликации за истиот. Драмската игра со ликови од зеленчук и овошје беше успешно изведена од страна на родителите со што постигнаа успешна интеракција со своите деца.
На крај сите се засладија со вкусни овошни и зеленчукови салати изработени од вредните раце на родителите и децата.