На 02.12.2020 год. беше организирана есенска работилница на која децата и родителите изработуваа креативни изработки од природен материјал во домашни услови. Фотографиите од истите ги испраќаа преку електронски пат. Потоа следуваше виртуелно гласање од страна на сите деца и родители кои се вклучија во работилницата. Се одбраа најдобрите од секоја воспитна група.

Доботници на наградите се: Герт Хасани – I јасли, Симона Арсовска – II јасли, Илијан Мишевски – мала група, Акса Азири – албанска група, Дарија Орозовиќ – голема група, Ина Пандиловска – македонско – српска група и Адеа Далипи – македонско – албанска група.
Наградените добија сет детски сликовници, а сите останати утешна награда блок и прибор.

Воспитно згрижувачкиот кадар при објект „Бубамара“ им се заблагодарува на сите деца и родители на соработката.

Децата ја прават магијата во градинката.